epa11848926 Novak Djokovic of Serbia in action during a semifinal match of the Australian Open against Alexander Zverev of Germany at Melbourne Park in Melbourne, Australia 24 January 2025. EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги загрижи своите фанови кога на интернет се појави снимка на која се гледа како се мачи да се движи откако беше елиминиран од турнирот во Доха. Сепак, шпански „Мундо Депортиво“ не е убеден дека Ѓоковиќ е повреден, туку напротив дека тоа е новата тактика на Новак.

„Нов хаос со Ѓоковиќ во Доха: Куцање со стапица е насловот на написот во „Мундо Депортива“ во кој се вели:

– Секој потег на Новак Ѓоковиќ е детално осмислен. Тој е контроверзна личност поради некои негови потези и постапки и долго време беше „грдото пајче“ кое се мешаше во кариерите на Рафаел Надал и Роже Федерер. Со 37 години, тој останува последниот претставник на „големата тројка“, некогаш прогласен според бројки за најдобар играч во историјата, како што истакнаа Федерер и Надал, чие влијание врз играта беше најголемо. Освојувачот на 24 грен-слем титули, една помалку од 100 титули на АТП турнејата, доживеа тешки времиња во последните месеци. Од повреда на менискусот, поради која беше опериран за време на Ролан Гарос, до станувањето на олимписки шампион на истите терени, откако во меѓувреме загуби во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз, кому му се одмазди за поразот во финалето на ЛОИ во Париз, во 2024 година.

Шпанскиот медиум потоа потсетува на Австралија опен кога Новак се повреди и среде свирежи од трибините му го предаде мечот на Зверев, а потоа и на поразот од Беретини и на снимката на репортерот на „АС“, на која се гледа како Ѓоковиќ куца на аеродромот.

Токму тоа е проблемот, бидејќи изгледаше како Новак да го боли десната, а не левата нога што го мачеше.

– Како и со Ѓоковиќ, алармите се вклучени. Србинот ја испружи десната нога и стапалото, како да има грч или да почувствува непријатност. Станува збор за повреда која може да доведе до заблуда во смисла дека не се однесува на неговата лева нога, која му прави најмногу проблеми во последно време. И на Ролан Гарос и во Австралија проблемот настана во другата нога, левата – се вели во текстот на шпанскиот „Мундо Депортиво“

ИЗДВОЕНИ