„Ѓока констракшн“ може и да извиси  

198

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека Владата нема донесено одлука и договор не е потпишан.

– Ја слушаме ние јавноста. Јавноста е незадоволна. Од сето ова што претходно го кажав сè е според закон, тоа не значи дека ќе потпишеме договор. Одлука на Влада нема, договор не е потпишан, ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме – рече Мицкоски. 

Премиерот се повика на физибилити студијата изработена од претходната влада, според која, паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ треба да биде менаџиран од приватен оператор. Воедно, го повика јавното претпријатие „ Градски паркинг“ да направи ред бидејќи Клиничкиот центар не функционира, како што кажа, во нормални услови 

 

Доколку јавноста не сака, нема да се потпише договор со албанската компанија „Ѓока констракшн“ за стопанисување со паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, повторувајќи дека Владата нема донесено одлука и договор не потпишан.

 – Јас би внимавал со заклучоците и не би се сложил со вас. Јас разбирам дека уредувачката политика на поедини медиуми има за цел да растури пердуви со невистини и конструкции, да обвинува неосновано, и ние сега како политичари треба да сме дефанзивни и да се браниме. Факт број еден: одлука се носи врз основа на физибилити-студија. Второ, распишан е оглас, се јавила само една компанија иако критериумите се прилично широки. Трето: ништо не е потпишано, ништо не е завршено. Ја слушаме ние јавноста. Јавноста е незадоволна. Од сето ова што претходно го кажав сè е според закон, тоа не значи дека ќе потпишеме договор. Одлука на Влада нема, договор не е потпишан, ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме – рече Мицкоски. 

Премиерот се повика на физибилити студијата изработена од претходната влада според која паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ треба да биде менаџиран од приватен оператор. Воедно, го повика јавното претпријатие „Градски паркинг“ да направат ред бидејќи Клиничкиот центар не функционира, како што кажа, во нормални услови.

– Ние сакавме како Влада гужвата и оние услови кои таму се случуваат да ги организираме. Со паркингот стопанисува ЈП „Градски паркинг“. Еве, тие нека направат ред, немаме ние против, само нека се реши гужвата. И тие од Свети Николе кога ќе дојдат да имаат пристојни услови нормално да функционираат и нормално да функционира Клиничкиот центар. Физибилити студијата од претходната влада самата така вели – објасни Мицкоски.

Од опозициската партија СДСМ побараа Владата да го објави договорот со албанската фирма „Ѓока и да се расчисти скандалот со паркингот во Клиничкиот центар.

Тие прашуваат зошто ниту една македонска компанија или јавно претпријатие не добила можност да конкурира за овој профитабилен бизнис? Дали договорот е однапред наместен за фирмата „Ѓока“. може да се открие само со објавување на договорот кој сега велат дека немало да го потпишуваат?

-Фирмата била под истрага во Албанија откако добила пари за изградба на патот, но патот не бил целосно завршен, а има и информации дека им се урнале два тунели. Сето ова ги подгрева сомнежите дека може да станува збор за класична корупција со високи провизии. Затоа  овој скандал мора целосно да биде расчистен – изјави пратеничката Богданка Кузеска од СДСМ.

Таа додаде дека СДСМ бара итно Владата да го објави Договорот со „Ѓока“, јавно, како и Антикорупциската комисија и сите надлежни институции веднаш да отворат постапка за расчистување на случајот.

-Граѓаните имаат право да знаат дали тендерот бил наместен за однапред договорена фирма! Оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН мисли дека може да продава државни ресурси на штета на граѓаните, но СДСМ тоа нема да го дозволи – истакна Кузеска.

Призма“ на 6 март објави дека компанијата „Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје. Министерот за здравство, Арбен Таравари, за БИРН потврдил дека оваа албанска фирма со јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот во наредните 20 години.

На огласот, кој беше распишан на 15 ноември, се јавила само „Ѓока констракшн“, која е формирана во Тирана во 1994 година, а од 2022 има регистрирано подружница и во Скопје.

Таравари кажа доколку биде потпишан договорот, цената на паркингот ќе поскапи од 30 на 50 денари. Со паркингот на Клинички сега стопанисува ЈП „Градски паркинг“, на кој договорот му истече во 2023 година.

(А.П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ