Станува збор активност за порибување на езерото со подмладок охридска пастрмка што ќе биде одгледуван во капацитетите за инкубација на Хидробиолошкиот завод и на мрестилиштето во Шум, кај Струга. Според она што беше истакнато, оваа сезона од 16 јануари досега се собрани 250 илјади зрна икра, што ќе бидат одгледувани во Хидробиолошкиот завод.Планирано е оваа година Охридското Езеро да биде порибено со милион и педесет илјади парчиња подмладок, од кои 600 илјади подлмадок одгледан во Хидробиолошкиот завод и 450 илјади парчиња млада охридска пастрмка одгледана во мрестилиштето во Шум
По пауза од шест години, во Охридското Езеро во тек е изловот на полово зрели единки на ендемичниот вид пастрмка, што се користат за измолзување односно собирање икра наменета за вештачки мрест. Станува збор активност за порибување на езерото со подмладок охридска пастрмка што ќе биде одгледуван во капацитетите за инкубација на Хидробиолошкиот завод и на мрестилиштето во Шум, кај Струга.
-Жалам што тоа не се случувало изминатите години, што практично придонесе за уште поголема загрозеност на пастрмката. Од минатата и наредните години ќе продолжиме со засилено темпо, за да го одржиме можне важниот вид охридска пастрмка – истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски Трипуновски, посочувајќи дека оваа активност е многу важна за Министерството и за државата, бидејќи со тоа се зачувува охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства.
Тој најави дека наредната година ќе се продолжи со зголемена финансиска поддршка, што ќе значи поголем број млади единки со кои ќе биде порибено Охридското Езеро.
Според она што беше истакнато, оваа сезона од 16 јануари досега се собрани 250 илјади зрна икра, што ќе бидат одгледувани во Хидробиолошкиот завод.
Планирано е оваа година Охридското Езеро да биде порибено со милион и педесет илјади парчиња подмладок, од кои 600 илјади подлмадок одгледан во Хидробиолошкиот завод и 450 илјади парчиња млада охридска пастрмка одгледана во мрестилиштето во Шум.
Што се однесува на физичката заштита на пастрмката и вкупниот фонд риба во Охридското Езеро, тој посочи дека со новата риболовна основа езерото е поделено на седум зони, постапката е завршена и е во фаза на склучување договори со шест избрани субјекти.
– Како контрола и следење на активноста на идните концесионери, веќе е разговарано со граничната полиција и Инспекторатот за земјоделство како надлежна институција. Законите ќе мора да се почитуваат и сите институции задолжени за следење на работата на концесионерите ќе дадеме се од себе да спречиме злоупотреби. Повторувам, ова е мошне важно за заштита на еко-системот на Охридското Езеро – дециден е Трипуновски.
Активностите за порибување на Охридското Езеро се реализираат во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Заловените полово зрели единки ендемичен вид охридска пастрмка по измолзувањето се враќаат во Охридското Езеро.
Популацијата на ендемичниот вид охридска пастрмка е во опасност, за тоа придонесуваат многу фактори, но најмногу неконтролираниот излов односно рибокрадството.
Само во периодот од летото минатата година досега во акции за спречување нелегален риболов од езерото се запленети вкупно 709 парчиња рибарска мрежа, во вкупна должина од 47 километри.