Постојат бројни диети кои „гарантираат“ брзо и лесно слабеење. Сепак, сите бараат бројни жртви, а штом ја прекинеме диетата, килограмите се враќаат побрзо отколку што мислевме. Еден млад човек по име Ендрју Тејлор тврди дека смислил диета која го гарантира посакуваното слабеење без да го загрози здравјето.
Тејлор изјавил дека имал проблеми со зависноста од храна и дека тежел 151,7 килограми кога почнал со диетата.
Кога вели „само компири“, Тејлор навистина го мисли тоа – тој јаде само компири цела година. Клучното прашање е каков ефект имало ова врз неговото тело?
Тејлор всушност изгуби повеќе од 50 килограми во текот на годината кога јадеше само компири. Од 151,7 килограми паднал под 100, поточно на 98,5 килограми.
Тејлор рече дека процесот „целосно му го променил животот на подобро“. Зборувајќи за Индипендент на почетокот на разговорот, тој рече:
„Добивам преку 600 проценти од моите дневни потреби за железо и преку 400 проценти од мојот витамин Ц, како и огромни количини влакна – сите работи што експертите рекоа дека би ми недостасувале. Единственото нешто што можеше да биде проблем e што компирите содржат калциум, но не во доволни количини, за да бидам безбеден, користам органско млеко од соја збогатено со калциум.
По совет на лекар, тој јадеше комбинација од рецепти со бел и сладок компир. Тејлор исто така изјавил дека неговото ментално здравје значително се подобрило во текот на годината. Пред овој експеримент, тој се борел со клиничка депресија поради зависност од храна, а оваа диета му помогнала да го пренасочи односот со храната и со тоа да го подобри менталното здравје. Тој исто така рече дека диетата му ги олеснила чувствата на анксиозност.