Сведокот Гоце Трајковски во судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кој полицијата подолг период го бараше за друго кривично дело, подметнување на пожар во кафуле во Кисела Вода, и се предаде на полицијата, информацијата ја потврдуваат од МВР за весникот ВЕЧЕР .
Трајковски треба да сведочи и да каже како доаѓал до снимките од безбедносните камери во случајот со киднапирањето и убиството на девојчето и како грабнувањето го поврзал со исчезнувањето на Панче Жежовски кој беше ладнокрвно убиен неколку дена пред Вања. На последното рочиште, обвинителката инсистираше и понатаму да се бара Трајковски и да биде донесен да сведочи, а не само да биде прочитан неговиот исказ даден во Обвинителството.
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 27 јануари и сведокот најверојатно ќе даде исказ во судницата. Според досегашните сознанија тој заедно со таткото на девојчето, обвинетиот Александар Ѓорчевски, сами оделе по трговски објекти од каде ги набавувале снимките од нивните камери, а подоцна ги гледале во станот на Ѓорчевски од чиј ходник беше киднапирано девојчето. (П.А)