Го запалиле грчкиот остров, па побегнале: Откриен идентитетот на олигархот од чија јахта е испален огнометот кој предизвика шумски пожар

820
Фото: Facebook/ epoxikoipirosvestes

Членовите на екипажот на туристичката јахта „Персефон“ се соочуваат со драстични казни по пожарот што избувна минатиот петок на грчкиот остров Хидра и предизвика катастрофа!

Екипажот ќе биде изведен пред судот, бидејќи секој ден излегуваат се повеќе информации за тоа што се случувало пред пожарот, но и за патниците на бродот кои главно биле Казахстанци и кои веќе се вратиле во својата земја. Меѓу патниците, според Прототема, бил и контроверзниот казахстански бизнисмен Данијар Абулгазин, чие богатство се проценува на околу 400 милиони долари. Милионерот е тесно поврзан со казахстанскиот олигарх Тимур Кулибаев, кој е зет на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев.

Властите велат дека пожарот избувнал откако бил испален огномет, додека 13-те членови на екипажот тврдат дека немаат поим како избил пожарот при што изгореа 300 хектари шума на Хидра.

Видеата и фотографиите направени веднаш по избувнувањето на пожарот докажуваат дека се лажни тврдењата на членовите на екипажот на јахтата дека не знаеле ништо за тоа како избувнал пожарот во петокот вечерта.

Доказите, сепак, ги побиваат нивните тврдења. Истражителите имаат докази дека членовите на екипажот се обиделе да ги исчистат остатоците од плажата и побегнале од Хидра кога сфатиле дека не можат да го изгаснат пожарот.

Од изјавите добиени како дел од прелиминарната истрага, членовите на екипажот не само што се обиделе да отстранат траги од огнометот од плажата и се оддалечиле од местото по избувнувањето на пожарот, туку кога виделе пристигнување на друг брод чии членови на екипажот го виделе блесокот и потоа пожарот на плажата, се упатиле кон заливот каде што се случило тоа.

Една група Казахстанци, 17 од нив веднаш го напуштиле бродот и се упатиле кон аеродромот во пристаништето, од каде полетале во саботата во 11 часот. И веднаш откако се симнале од јахтата „Персефона“ таа се закотвила во пристаништето Агиос Космас.

Засега останува нејасно дали Казахстанците заминале затоа што им завршил одморот или масовно си заминале со оглед на пожарот на Хидра.

Хидра е една од главните точки на туризмот за богатата клиентела во Грција.

Поради зачувување на природата, на островот нема моторни возила.

Огномет од јахта предизвика голем шумски пожар на грчки остров – 13 лица се уапсени