Го забрзува метаболизмот, ги топи килограмите, леснa е и хранливa: Најздравата вечера на светот подготвена во чаша 

154
Фото:пекселс

Подготвувањето на целосен оброк во текот на денот трае малку време, а бидејќи немаме секогаш можност да готвиме, бараме рецепти што се што е можно полесни и кратки.

Доколку не знаете што да направите за вечера, овој рецепт е одличен за вас.

Нутриционистите се согласуваат дека последниот оброк во денот треба да биде лесен и полн со хранливи материи, а овој рецепт е токму тоа.

Главната состојка е чиа семето, кое е многу здраво за човечкото тело. Богати се со омега-3 и омега-6 масни киселини, влакна, антиоксиданси, протеини, но и со манган, магнезиум, фосфор и калциум.

Состојки:

4 лажици чиа семе 2 банани 250 мл вода 250 мл млеко лажица мед малку цимет

Начин на подготовка:

Изгмечете ги бананите, па измешајте со сите состојки. Оставете ја смесата во фрижидер еден час. Чии семките ќе си го направат своето и ќе го згуснат овој пудинг.

Кога ќе се згусне, можете да го јадете. Уживајте!

ИЗДВОЕНИ