„Го убив зошто не им помагаше на другите“! Морбиден одговор на момчето убиец на прашањето на мајка зошто пукал во нејзиното дете

55

Денеска во Специјалниот суд во Белград продолжува судењето на родителите на момчето кое пукаше во ОУ „Владислав Рибникар“ при што беа убиени девет ученици и чуварот во училиштето, а пет ученици и професорката по историја беа ранети. Момчето ќе продолжи да сведочи и да одговара на прашања на родителите на жртвите, но и на своите родители.

„Мојот впечаток, врз основа на сето она што го видов, е дека родителите сакаат одговор зошто момчето им ги убило децата. Имавме можност да слушнеме дека момчето убиец пукал во учениците во своето одделение, дури и дете кое го сметало неговиот најдобар пријател, кој тешко се повреди“, вели новинарката на српската телевизија Курир.

Како што рекла таа, кога момчето го прашале зошто пукал во него и дали му е најдобар пријател, тој одговорил: „Не баш“.

„На прашањето дали знаеш дека те смета за негов најдобар пријател, тој рече: „Не знам“. На прашањето на една мајка зошто пукал во нејзиното дете, тој одговорил: „Затоа што не сакаше да им помага на другите деца“.

„Кога таа презентираше дека има докази дека нејзиното дете, кое беше убиено, му помогало на момчето убиец, тој рекол: „Не се сеќавам.