
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Шпанецот Рафаел Надал, стави крај на професионалната кариера, а од ноември минатата година не допрел рекет.
– Не зедов рекет откако се пензионирав, загубив дел од таа борбена енергија. Играм голф, но не сум фокусиран како порано. Не ме интересира да играм без голф. Отсекогаш сум бил борец, повеќе сакам да се борам до крај отколку лесно да победувам – изјави Надал на настан во Мадрид.
Рече дека во моментов се чувствува повеќе од удобно.
– Телото сега мирува, а јас сум конечно сум посмирен. Не се справив лошо со крајот на кариерата, досега тоа добро го правев.
Шпанецот се присети на своите помлади денови, кога од тригодишна возраст го тренираше неговиот вујко Тони.
– Пораснав во семејство кое ми даде поддршка, но без дополнителен притисок. Кога ќе дојдат тешки времиња, она што сте го научиле претходно ви помага да се справите со тоа.
Од почетокот на кариерата, Шпанецот се бореше со синдромот Милер-Вајс, хроничен проблем со стапалото.
– Неколку лекари ми рекоа дека никогаш повеќе нема да играм. Имав 19 години… На крајот решението беше да носам специјално приспособени влошки и патики со седум милиметри дополнителна поддршка. Го спасивме стапалото, но остатокот од телото беше уништено – призна Надал, кој во својата професионална кариера освои 22 грен-слем титули од кои 14 на Ролан Гарос за што го доби и прекарот „крал на земјените терени“.