Флоренс Хекман од Охајо, која е родена во 1918 година, неодамна го прослави својот роденден.
Нејзината приказна стана хит на социјалните мрежи, по видеото на кое зборува за животот и ја открива својата „тајна“ на долговечноста.
„Едноставно се трудам да бидам добра со луѓето и одам ден по ден, тоа е се. Ако еден ден го разбереш, тогаш можеш да продолжиш на другиот“, вели симпатичната баба.
Покрај позитивниот став, Флоренс својот долг живот го припишува и на тоа то сака да се напие виски.
Таа е позната по прекарот „Fireball Flo“ меѓу нејзините пријатели во домот за стари лица во Охајо, а производителот на виски и испратил специјално шише од нејзиниот омилен пијалок за нејзиниот 105-ти роденден.
Секој ден поминува часови со пријателите од домот и редовно ги следи натпреварите на нејзиниот омилен НФЛ тим, Синсинати Бенгалс.