Навикнати сме спортистите по кариерата да решаваат да прават нешто друго, но изгледа победник за оваа година е всушност Чејс Бадинџер, поранешен кошаркар на неколку НБА клубови, како и Басконија.
Тој по завршувањето на кошаркарската кариера реши да се проба во друг спорт и воедно обезбеди место на Олимпијадата во Париз!
Чејс Будингер играше дури седум години во НБА, за тоа време го носеше дресот на Хјустон Рокетс, потоа на Минесота Тимбервулвс, Индијана Пејсерс и Феникс Санс, пред да одлучи да се приклучи на Басконија, по што се пензионираше.
За време на кариерата заработи убава сума на пари, приближно 20.000.000 долари само од плати, па реши да проба во одбојка на плажа.
Заедно со својот колега Мајлс Еванс успеаја да се квалификуваат за Олимписките игри во Париз оваа година!
Се чини дека овој кошаркар ја „живее втората младост“.