Последиците од трејдот на Лука Дончиќ со Лос Анџелес Лејкерс сè уште одекнуваат, а се огласи и малцинскиот сопственик на Далас, Марк Кјубан, кој беше прв човек на франшизата кога потпиша словенечкиот ас.
Лука Дончиќ пристигна во Далас во 2018 година. Оттогаш, тој се етаблира како еден од најдобрите играчи на својата генерација, а потценување е да се каже дека беше миленик на тогашниот прв човек Марк Кјубан. Јасно е дека овој трејд немаше да се случи доколку Кјубан не се пензионираше на крајот на 2023 година и не се откажеше од мнозинската сопственост на Мевси, што тој самиот сликовито го објасни кога беше прашан за трејд.
- Ако требаше да изберам дали да го задржам Лука или жена ми, најдете ми адвокат, се подготвувам за развод, прокоментира Кјубан во свој стил околу евентуален трансфер на Дончиќ.
Лука Дончиќ ненадејно беше трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс во замена за седум години повозрасниот Ентони Дејвис.