Француската тенисерка со српско потекло, Кристина Младеновиќ, е бесна поради планираните промени на годинашниот САД Опен. Имено, планот е да се смени датумот на турнирот во двојки на последниот грен- слем во сезоната, што воопшто не ѝ се допаѓа на 31-годишната тенисерка. Инаку, терминот во двојки треба да биде во исто време со квалификациите во сингл.

Организаторите одлучија натпреварувачите во мешани двојки да стартуваат в петок, три дена пред почетокот на главниот дел од турнирот, а Кристина го осуди потегот. Нејзините зборови сега ги повторува тениската заедница ширум светот.

– Очајни вести! Тие го прават тоа само за да заработат повеќе пари во текот на првата недела. Тие прават да изгледа сето тоа како изложба. Што е со играчите што играат квалификации во сингл и што можат/сакаат да играат со своите двојни рангирања? – праша Кристина.

ИЗДВОЕНИ