Во светот на фудбалот, многу девојки прават сè за да станат популарни на социјалните мрежи, но она што го направи една навивачка на НФЛ-тимот Бафало билс е непростливо. Таа го понижи својот сопруг пред целиот свет.

Џош Ален е голема НФЛ-ѕвезда. Има многу девојки што лудуваат по оваа 28-годишна ѕвезда на Бафало билс, но дури и мажените би сакале да им се препуштат на страстите со него. Во центарот на вниманието овој пат се најде жена што дојде на натпреварот на Билс со Џексонвил јагуарс со транспарент посветен на Ален, воедно понижувајќи го својот сопруг, кој се наоѓаше до неа. Таа изгледаше многу страсно кога ја покажа камерата, истакна транспарент на трибините, на кој пишуваше: „Џош, штотуку се омажив, но би го оставила мојот сопруг за тебе. P.S. Тој е тука“.

Несреќниот сопруг дури не ни трепна на сето тоа. Тој стоеше до неа и не смееше ни уста да отвори и голем број навивачи се револтирани поради сето тоа.

  • Какво с*ање од жена. Веднаш да ја остави! Дефинитивно го изневерила порано – гласеше еден од коментарите.

Некои сметаат дека тој е губитник.

  • Каков губитник! Не би ме чудело тој да ја наговорил на ова – гласеше друг коментар.

Џош Ален секојдневно добива илјадници вакви пораки. Секако, немаше никаква реакција за ова.

Ѕвездата на Бафало билс игра навистина добро оваа сезона. Сепак, на последните два натпревара забележаа порази и сега имаат три победи и два неуспеха.

Пристигна во НФЛ како седми пик на драфтот во 2018 година. Тој веќе двапати беше избран за Про бол и моментално е една од најголемите ѕвезди.

Моментално е под договор за 258 милиони долари и многумина веруваат дека е недоволно платен за квотербек. Ја доби оваа сума за шестгодишен договор.