Аронијата има бројни здравствени придобивки и се користи во превенција од разни болести, а сирупот од ова овошје е витаминска бомба.
Аронијата во суштина е еден вид боровинка, има многу витамини А, Ц, Е, Б комплекс. Делува како антиоксиданс.
Содржи многу повеќе минерали и други состојки. Аронијата ги убива клетките на ракот, го зајакнува организмот, ја подобрува крвната слика, го чисти телото, го подобрува видот.
Сируп од аронија
Иако и сирупот и сокот од аронија може да се купат во продавниците, секако повкусно и поздраво е да го подготвите сами.
Состојки:
4 кг аронија (свежа или замрзната)
2 кг шеќер
2 литри вода
2 лимони
Подготовка:
Шеќерот и водата се мешаат и се ставаат на шпорет додека не се растопи шеќерот, или додека не почне да врие, што е околу 15 минути. Потоа додадете ја аронија и оставете да зоврие. Од моментот кога ќе зоврие, смесата треба да се вари од 5 до 10 минути. Не заборавајте постојано да ја мешате смесата. Потоа оставете го целосно да се излади.
Кога сирупот од аронија целосно ќе се излади, процедете го или преку газа или цедалка и оставете ги бобинките. После тоа, процедете ги и бобинките, по можност преку газа. Потоа уште еднаш процедете се заедно и повторно ставете го вака добиениот сируп од аронија да се свари. Штом ќе зоврие тргнете го од оган и додадете го сокот од лимон и измешајте.
Вака подготвениот сируп од аронија веднаш истурете го во стерилизирани загреани шишиња, па веднаш затворете ги шишињата и само кога целосно ќе се изладат ставете ги на ладно и темно место.
Како се консумира?
Луѓето кои пијат превентивно можат да испијат една чаша пред појадок. Болните луѓе треба да пијат неколку пати на ден. Додека на децата им се препорачува само половина чаша дневно.
Сокот можете да го подготвите без додавање на друга храна, па дури и без вода. Само ставете го во соковник. Секогаш чувајте го на ладно и темно место.
Овошјето од аронија може да се замрзне, а потоа да се одмрзне пред употреба. Само знаете дека штом ќе одмрзнете нешто, не смеете повторно да го замрзнете.