Можеби најдобрата приказна на Олимписките игри во Париз досега доаѓа од пинг-понгот.  Станува збор за Кинезинкат Џијинг Зенг која своето прво учество на Игрите го имаше на 58 години.

На 18-годишна возраст требаше да биде дел од Олимпијадата во Лос Анџелес, но на крајот тоа не се случи. Сепак, дојде до промена на правилата поврзани со возрасната граница во овој спорт, па таа не беше во можност да настапи.

Потоа се преселила во Чиле и се повлече од натпреварувачките спортови на 20-годишна возраст. Работела како тренер, а во 2000 година целосно се оградила од спортот бидејќи решила да најде „вистинска работа“ и започнала со производство на мебел.

Таа не играше пинг-понг дваесет години, а потоа се случи епидемијата на Ковид во 2020 година.

„Конечно го остварив сонот на татко ми“

Поради изолацијата решила да купи маса за пинг-понг и повторно почнала да игра. Четири години подоцна, како 58-годишна, таа дебитираше на најголемото спортско натпреварување под знамето на Чиле.

“Тато сигурно ме гледаше на телевизија. Ме гледаше како влегувам со репрезентацијата. Беше сон на нашето семејство и мој да играм на Олимписките игри. Сега имам 58 години, а татко ми 92. Конечно го остварив тој сон вистина за него“, рече Зенг.

Од неа подобара во првото коло беше Либанка Маријана Сахакијан (46). Но и покрај елиминацијата, таа планира да продолжи активно да игра.

“Да се игра на Олимпијадата за четири години ќе биде многу тешко. Но, се додека моето тело е здраво, ќе продолжам да играм“, изјави Чилеанката со кинеско потекло.