Французинка (53) била измамена за 850.000 долари откако била убедена дека е во онлајн врска со актерот Бред Пит, објави магазинот Newsweek. На лажната врска и измамата помогнаа фотографиите на познатиот актер создадени од вештачката интелигенција.
Ова не е првпат идентитетот на Бред Пит да биде злоупотребен во онлајн измами. Пет лица се уапсени во Шпанија бидејќи измамиле две жени од кои се извлечени 330.000 долари.
Француската телевизиска мрежа BFM TV објави дека најновата измама со Бред Пит започнала во 2023 година кога 53-годишна Французинка, идентификувана во текстот како Ана, добила порака од измамник преку Фејсбук.
Прво се претставил како мајка на Бред Пит, а Французинката подоцна добила порака од лице кое тврди дека е самиот Бред Пит.
Тогаш започнала „врската“ меѓу Французинката и лажниот актер. Ана во тоа време била во брак со милионер. Според ТВ БФМ, измамникот побарал од Ана да се разведе од сопругот и да се омажи за него.
Изнудувањето пари од заљубена Французинка започнало кога наводниот актер и побарал 9.000 долари за царина за да ѝ стигнат подароците што и ги купил. Во наредниот период му испратила над 800 илјади долари кои ги добила од поранешниот сопруг во вид на алиментација.
На лажниот Бред Пит му биле потребни пари за наводно лекување од рак, а за да ја убеди својата „љубовница“ дека е навистина болен, ѝ испратил фотографии и видеа од неговиот болнички кревет, кои ги направила вештачка интелигенција.
Парот комуницирал само преку СМС пораки, а жената рекла дека немало телефонски повици.
A woman in France was scammed out of €830,000 after believing she was in a relationship with Brad Pitt.
These are the photos she received, allegedly from Brad Pitt, that convinced her. pic.twitter.com/DHZklWbUDj
— The Oscar Race (@TheOscarRace) January 13, 2025
Измамникот и земал пари на Ана под изговор дека не може да ги користи своите додека трае неговата разводна постапка со Анџелина Џоли, која всушност била завршена дури во декември 2024 година.
Жената сфатила дека е жртва на измама кога ја видела фотографијата на Бред Пит со неговата сегашна девојка Инес де Рамон. Случајот го пријавила во полиција во 2024 година и оттогаш добива болничко лекување поради тешка депресија.
Полицијата се уште не открила кој стои зад идентитетот на лажниот Бред Пит.
Има се повеќе измами во кои вештачката интелигенција игра важна улога. Според податоците од маркетинг фирмата „Authority Hacker“, Американците минатата година изгубиле 108 милиони долари поради измами поврзани со вештачка интелигенција, а 45 проценти од измамите поврзани со вештачка интелигенција резултирале со загуба на пари.