Го обоила лицето во зелено како во филмот Wicked и ја сфатила својата грешка

28

Ирската актерка и водителка Ребека Рајан од Виклоу, позната по улогите во ТВ драмата „Тудори“, објави вирално видео во кое ги насмеа луѓето до солзи.

Инспирирана од неодамна објавениот филм Wicked, таа одлучи да ја изведе песната Defying Gravity на TikTok. Целосно посветена на улогата го обоила лицето во зелено, но предоцна сфатила дека не може да ја тргне бојата од лицето.

„Почна да ме фаќа паника. Се обидов да ги измијам рацете, не ја симнав бојата. Ова е обична боја на лицето. Не можам да ја тргнам“, рече таа, а некој настрана ѝ кажа дека требаше да ја проба бојата пред да ја стави на целото лице.

“Претпоставувам дека ќе биде добро. Денес е петок”, рече таа, објаснувајќи дека треба да се појави на Ireland AM, најголемото ТВ шоу во Ирска, во недела. Таа рече дека успеала да извади малку боја и заклучи: „Сега е предоцна да се направи нешто. Ќе се истуширам и ќе се надевам на најдоброто“.

Видеото собра повеќе од 10.000 лајкови и бројни коментари.

„Изгледаш како Џим Кери во филмот „Маска“, ѝ напишал еден тиктокер, а друг додал: „Барем бојата ти оди со очите“.

ИЗДВОЕНИ