EPA/Oliver Multhaup

Легендарниот Формула 1 возач и поранешниот светски шампион, Дејмон Хил, за германски „Билд“ проговори за ривалството со Михаел Шумахер.

Вистинските фанови на Формула 1 сè уште се сеќаваат на Големата награда на Австралија во 1994 година, кога Хил и Шумахер се судрија на патеката. Двајцата останаа без бодови, што беше во корист на Германецот, кој на тој начин ја обезбеди шампионската титула.

  • Михаел и јас одлично се согласувавме, но на патеката се мразевме. Со каков било друг начин на размислување, невозможно е да се стане светски шампион. Нема место за добрина. Мораш да ја искористиш секоја слабост на противникот. Михаел беше мајстор на тие психолошки игри. Поради него често се чувствував бескорисно и неталентирано, истакна Хил за германски „Билд“.

Хил ја освои шампионската титула во 1996 година, додека славниот Германец седум пати во кариерата беше најдобар на планетата.