Холивудскиот актер Кевин Костнер и неговата поранешна сопруга Кристин Баумгартнер ја завршија мачната постапка за развод пред помалку од една година.
Двајцата се бореле за старателство, но и за алиментација, па сега наместо посакуваните 165 илјади долари месечно, Кристин добива „само“ 60.
Меѓутоа, набргу потоа Кристин си најде нов партнер, пријателот на Кевин, Џош Конор, а се шпекулираше дека го изневерувала актерот со него додека биле во брак.
Сега, како што пренесува People, парот е свршен и планира свадба. Сето тоа се случило на интимна вечера во Санта Барбара, а извор близок до семејството открил дека и двајцата биле возбудени и дека тоа го планирале подолго време.
Во меѓувреме, се погласни се гласините дека Џенифер Лопез е лудо вљубена во Костнер, но засега сè уште е на озборувачко ниво, но ништо не е невозможно.
Костнер и Кристин беа во брак 20 години и заедно имаа две деца. Интересно е тоа што Кристин сакала да ги користи децата како оружје за време на разводот, па на судењето истакнала дека нивните деца биле навикнати на луксузен начин на живот, а тоа им било врежано во ДНК.