Го искачи и Гашербрум II, единаесетиот врв од вкупно 14 повисоки од 8.000 метри

45

Познатиот македонски кардиолог Сашко Кедев постигна нов успех во неговата мисија да си искачи сите врвови со надморска височина поголема од 8.000 метри.

Tој го искачи Гашербрум II кој е со надморска висина од 8.035 метри и ова претставува негово 11искачување од вкупно 14 врвови кои надминуваат 8 илјади метри.

Гашербрум II, позната и како К4, е 13 највисока планина на Земјата. Сместена е на границата помеѓу провинцијата Гилгит-Балтистан, Пакистан, и автономниот регион Синјанг, Кина. Со висина од 8.035 метри, Гашербрум II претставува третиот највисок врв од масивот Гашербрум, сместен во венецот Каракорам на Хималаите. Планината за првпат била освоена на 7 јули 1956 година од страна на Фриц Морав, Јозеф Ларх и Ханс Виленпарт, членови на австриска експедиција.

Во мај годинава, само десетина дена откако го искачи врвот Макалу, македонскиот кардиолог и алпинист, Сашко Кедев, направи уште еден голем подвиг, го освои четвртиот највисок врв во светот, Лоце кој се наоѓа на Хималаите и е висок 8.516 метри.

Инаку, до сега д-р Кедев ги има искачено Монт Еверест (8.848 метри), K2 (8.611 метри), Лоце (8.516 метри), Макалу (8.463 метри) Чо-Оју (8.201 метри), Даулагири (8.167 метри), Манаслу (8.163 метри) Нг Парбот (8.125 метри), Анапурна (8.091 метри), Броуд Пик (8.047 метри).

Следни за искачување се Канченџунга (8.586 метри), Гашербрум I (8068 метри) и Сишапангма (8.НН013 метри).