Во Појасот Газа започна славењето по извештаите во медиумите дека Израел и палестинското исламистичко движење Хамас постигнале договор за прекин на огнот во областа, пренесува dpa.
Според очевидци, десетици илјади луѓе излегле радосни на улиците. На снимките што кружат во палестинските медиуми и социјалните мрежи, населението пее и танцува, а некои мажи плачат од радост.
Thousands across Gaza celebrate ceasefire announcement— in pictures.
🔗: https://t.co/P6ykLW5Q12 pic.twitter.com/55SvAY46oJ
— Al Jazeera English (@AJEnglish) January 15, 2025
Израел и Хамас се договорија за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување заложници во замена за палестински затвореници, јавуваат повеќе израелски медиуми.
Aid Workers and Healthcare Workers Celebrating the ceasefire 🇵🇸♥️
God Bless them all 🙏#Gaza #ceasefire #Palestine #Qatar #doha pic.twitter.com/05xn8oWXUX
— AD Choudhary (@adchoudhray) January 15, 2025
Сепак, ова допрва треба да биде официјално потврдено. Израелски извори велат дека се уште има неколку нерешени одредби од договорот и дека се надеваат дека ќе ги финализираат деталите подоцна.
Преговарачите во средата постигнаа повеќефазен договор за ставање крај на војната во Газа меѓу Израел и Хамас, изјави за Ројтерс извор запознаен со разговорите, по 15-месечните борби кои однесоа десетици илјади животи и ја претворија палестинската енклава во урнатини.
Договорот, кој сè уште не е официјално објавен, повикува на првичен шестнеделен прекин на огнот, постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас во замена за Палестинците приведени во Израел, изјави израелски официјален претставник.