Го блокира апетитот и го спречува прејадувањето: Диетата со палента трае само 4 дена, а прави чуда за телото

123

Прибегнуваме кон различни начини за да ја доведеме фигурата до совршенство, а оваа диета со палента може да помогне во тоа.

Палентата обично се прави од жолто пченкарно брашно, но нема да погрешите ниту со користење на бело брашно. Една чаша жолто пченкарно брашно содржи околу 8,5 g влакна, што е дури 34% од препорачаната дневна доза за жени и 22% за мажи.

Содржи многу малку калории (100 грама варено пченкарно брашно има само 70 калории), а тајната на оваа диета е во тоа што палентата е многу богата со влакна, кои впиваат вода, набабруваат и создаваат долготрајно чувство на ситост и го спречуваат прејадувањето.

Диетата со палента трае четири дена, а можете да ја повторувате секоја недела така што ќе ја следите оваа диета четири дена и ќе јадете нормално во другите три дена, пишува Најжена.

ПОНЕДЕЛНИК
Појадок: 100 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 100 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 100 гр палента, шолја кефир

ВТОРНИК
Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 200 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 100 гр палента, шолја кефир

СРЕДА
Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 200 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 200 гр палента, шолја кефир

ЧЕТВРТОК
Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 300 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 200 гр палента, шолја кефир.

ИЗДВОЕНИ