Поранешниот хрватски тенисер, а сега и тренер Горан Иванишевиќ оваа зима шокантно ја раскина соработката со казахстанската тенисерка Елена Рибакина (25). Само што ја започна соработката со шампионката на Вимблдон од 2022 година, по неполн месец нивната соаработка престана, а нејзиниот поранешен (или сегашен) тренер, исто така Хрватот, Стефано Вуков (37), истот така беше во се вклучен.

Познатиот спортски портал „Атлетик“ ги откри деталите од тој хаос, во кој тренерот кој беше обвинет за малтретирање на Рибакина повторно стана нејзин најблизок соработник. И тоа во време кога тренер и беше и Горан Иванишевиќ (53).

“Вуков ја подложил Рибакина на психичко малтретирање и ја турнал надвор од нејзините физички граници, поради што и се слошило. Ја малтретирал со тоа што не сакал да ја остави сама за време на САД Опен, иако таа претходно го исфрлила од својот тим. Наводно и праќал бројни пораки”, пишува порталот.

Истиот извор тврди дека двајцата се во емотивна врска.

„Постојат сè повеќе докази дека тие се во романтична врска, откако останаа во иста просторија во Мелбурн (за време на Австралија Опен)“, се вели во соопштението.

Светската асоцијација на тенисери, му изрече суспензија на Вуков, со која му забранува да биде тренер и да му биде дозволено да присуствува како учесник на професионални тениски настани во следните 12 месеци. Од ВТА не соопштуваат детали за суспензијата, но неофицијално се дознава дека тој е казнет на една година, а не било дадено детално објаснување за казната.

„ВТА потврдува дека е завршена независна истрага за да се утврди дали Стефан Вуков, извршил потенцијално прекршување на Кодексот на однесување на ВТА. Во светлината на наодите, суспензијата останува во сила. За да се заштити доверливоста и интегритетот на истрагата и нејзините наоди, ВТА нема да објавува никакви дополнителни детали.

Рибакина во јануари изјави дека Вуков никогаш не се однесувал лошо со неа и додаде дека не е среќна поради целата ситуација. Сепак, извори блиски до истрагата велат дека било поинаку.

Според неофицијални извори, ВТА утврдила дека Вуков ја нарекол Рибакина „глупава“ и и рекол дека без него „се уште ќе копала компири во Русија“. Истиот извор откри и дека Вуков ја расплакал Рибакина и ја подложил на психичко малтретирање.

„Јасно е дека имате токсична врска“, напиша Портија Арчер, извршен директор на ВТА турнејата.

Рибакина загуби во четвртото коло на неодамнешниот Австралија опен, а Иванишевиќ ја напушти на 21 јануари. „За него оваа ситуација беше премногу предизвикувачка“, се вели во написот на „Њујорк Тајмс“ за целата ситуација.

Сега, откако Иванишевиќ си замина, а Вуков засега е исфрлен од тенисот, Рибакина е во хаос и на професионален план, бидејќи сега работи со Давиде Сангвинети, иако изјави и дека е во контакт со Вуков од доаѓањето во тимот.

 

ИЗДВОЕНИ