Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ (17) постави уште еден национален рекорд, со што само потврди дека се наоѓа во одлична форма.
Ѓуретановиќ стана првиот македонски пливач кој успеал да исплива 400 метри слободно во 50-метарски базен за помалку од четири минути. Рекордното време од 3:57.75 го постигна на меѓународен натпревар во Ниш, надминувајќи го претходниот национален рекорд на Марко Блажевски (4:00:53).
Овој резултат не само што е нов македонски рекорд, туку е и за речиси девет секунди побрз од времето што Ѓуретановиќ го постигна на Олимписките игри во Париз, каде што заврши со резултат од 4:05.38. Со ова време тој би бил пред седум пливачи во трката на Олимпијадата.