Ѓоковиќ: “Среќен сум и загрижен – ако сум здрав, можам да победам секого“

577
EPA-EFE/RONALD WITTEK

Новак Ѓоковиќ по победата над Стефанос Циципас (6:3, 7:6) и пласманот во полуфиналето на Олимписките игри, каде противник ќе му биде Италијанецот Лоренцо Музети изјави дека чувствата му се измешани.

Српскиот тенисер се повреди во текот на третиот гем од вториот сет, што го искористи Гркот и поведе со 4:0, но Ѓоковиќ успеа да израмни на 5:5, а потоа во тајбрејкот дојде до победа.

„Ќе видиме како ќе биде и какви ќе бидат резултатите од тестовите. Физиотерапијата дава позитивни индикации дека коленото не е оштетено. Повредата се случи кога се лизнав, острата болка траеше три-четири гема и потоа почна да се намалува, па можев да издржам до крајот. Ме потсетува на Ролан Гарос, кога издржав и следниот ден морав да се откажам. Многу сум загрижен, морам да направам тестови со мојот тим. Ќе биде вечерва, сега, а некои и утре откако ќе преспијам. Да видиме како ќе реагира коленото бидејќи е свежо по операцијата“, изјави Ѓоковиќ, а потоа објасни како стигнал до предност на противникот во вториот сет:

„За малку ќе се збогував со вториот сет, но се вратив на 0:4, тој имаше 5:4 и 40:0, одлично вратив и влегов во тајбрејк бидејќи играв цврсто. Сервите се убиствено оружје, ме изненади со бекхенд и играше на високо ниво, но и јас. Тоа беше одличен натпревар. Имам измешани чувства, среќен сум и загрижен“.

Ѓоковиќ изјави дека е во состојба да победи секој ривал доколку е физички подготвен.