Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, проговори откако Рафаел Надал објави дека става крај на кариерата. Шпанскиот тенисер претходно во текот на денот најави дека ќе стави крај на својата богата кариера оваа сезона и дека Дејвис купот со Шпанија ќе му биде последно натпреварување.
Тенискиот свет остана во шок, иако повлекувањето на Шпанецот се очекуваше, а по неговата одлука се јави и Ѓоковиќ, еден од најголемите ривали на Надал.
„Рафа, една објава не е доволна за да ја измери почитта што ја имам кон тебе и она што го направи за нашиот спорт. Ти инспирираше милиони деца да почнат да играат тенис и мислам дека тоа е веројатно најголемото достигнување што некој може да го посака. Од твојата истрајноста, посветеноста, борбеноста… ќе се учи со децении. Само ти знаеш што требаше да издржиш за да станеш тениска икона. Твојата страст за претставување на Шпанија отсекогаш била исклучителна, ти посакувам најдобро можно збогување со шпанскиот Дејвис куп тимот, ќе бидам таму да и оддадам почит на твојата ѕвездена кариера.
Ѓоковиќ и Надал последен пат играа на Олимписките игри во Париз, кога Србинот победи во второто коло. Тоа беше нивна 60-та средба, а Новак води со 31-29.
View this post on Instagram