EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се закити со олимпиското злато на тенискиот турнир на Игрите во Париз. Најдобриот во историјата во својот најважен меч во кариерата, во финалето на ЛОИ во Париз, успеа со 2:0 по сетови 7:6, 7:6 да го победи Шпанецот Карлос Алкараз и со тоа да дојде до историски успех.

Новак го освои тоа што му недостигаше во кариерат, а тоа е златото на едни ЛОИ. Инаку се одигра епски меч, ова беше фантастично финале, тенис за уживање. Новак одигра тактички мудро, знаеше што треба, знаеше како треба, а пресудно за победата може да се каже дека беше неговото искуство.

Воедно тој е и најстариот тенисер кој успеал да се закити со златниот медал на едни Олимписки игри.