Колку чини новиот часовник на Новак Ѓоковиќ?

94

Најдобриот тенисер на сите времиња Србинот Новак Ѓоковиќ го доби својот часовник. Познатиот швајцарски бренд „Hublot“ дизајнираше специјален часовник посветен на најдобриот тенисер на сите времиња, создаден од апсолутно уникатен и досега невиден материјал.

Станува збор за композит составен од 25 хед рекети, 17 темно сини и 15 светло сини Лакост поло маици кои Ѓоковиќ ги користеше во сезоната 2023.

Симболиката е повеќе од јасна, бидејќи тоа е сезона во која целиот свет беше сведок на пишување историја и рушење на рекорди, бидејќи Ѓоковиќ ја освои 24. грен слем титула во сингл, објаснето во текстот на порталот „Watch and Jewelry.“

За се да биде уште поинтересно – линијата на часовници Новак Ѓоковиќ ќе биде ограничена на 100 примероци. Достигнува до колекционерите ширум светот, вклучително и Србија, во луксузната кутија на „Hublot“ од одржливи извори. Целосно направен од даб, вклучувајќи ги и шарките, ќе привлече и многу љубопитни погледи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Satovi i nakit (@satoviinakit)