На сметките на родителите на беровските ученици, кои годинава се запишаа во прва година, средно образование во ОСУ „Ацо Русковски“, во Берово, исплатени се по 5.000 денари, од буџетот на Општина Берово, информираше градоначалникот, Звонко Пекевски.
Тој додаде дека средствата се исплатени како дел од Програмата за образование за 2024 година и имаат за цел, на почетокот на учебната година, да бидат поддршка во семејниот буџет.
– Како поддршка од локалната самоуправа, за покривање на трошоците, за купување на училиштен прибор и други потребни работи на почетокот на учебната година, исплатени се по 5.000 денари, на вкупно 97 ученици, во прва година. Се надевам дека исплатените средства ќе бидат добредојдени во претстојниот период, за родителите полесно да се справат со трошоците, на почетокот на учебната година – истакна Пекевски.
За реализација на оваа активност, преку Програмата за образование, од буџетот на Општина Берово за 2024 година, исплатени се вкупно 485.000 денари.
– Во нашите приоритети и понатаму останува подобрувањето на условите за учење за учениците, како и враќање на парите назад кај граѓаните – нагласи Пекевски и додаде дека парична поддршка е обезбедена и за родителите на беровските првачиња.