Кошаркарите на Оклахома ја продолжија доминацијата во западната конференција, а тимот до нова победа го предводеше својот најдобар играч – канадскиот бек Шај Гилџес-Александер. Тој постигна 54 поени во победата на Оклахома над Јута (123:114), со што постави нов личен рекорд во најсилната кошаркарска лига во светот.
Шај се наметнува како најголемиот ривал на Никола Јокиќ во борбата за МВП наградата оваа сезона. Сега, Оклахома има скор од 36-7 на Западот или седум победи повеќе од Хјустон, кој е на второто место, со исто толку одиграни натпревари.
Резултати: Атланта – Детроит 104:114, Бруклин – Феникс 84:108, Далас – Минесота 114:115, Хјустон – Кливленд 109:108, Мемфис – Шарлот 132:120, Оклахома – Јута 123:114, Сакраменто – Голден стејт 123:117, ЛА Клиперс – Бостон 113:117.