Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата е на највисоко ниво во последните 800 илјади години и продолжува да расте, што е главната причина за рекордното глобално затоплување.
– Концентрациите на други стакленички гасови – метан и азотен оксид се исто така на највисоко ниво во последните 800 илјади години, а продолжиле да растат и минатата година. Постојаниот пораст на емисиите на стакленички гасови, заедно со ефектите од затоплувањето на климатскиот феномен Ел Нињо, е главната причина за глобалното затоплување и уривањето на температурните рекорди во 2023 година, а потоа и во 2024 година, се наведува во извештајот на Светската метеоролошка организација
Светската метеоролошка организација (WМО) вчера објави дека ги живееме последните десет најтопли години во историјата. Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата е на највисоко ниво во последните 800 илјади години и продолжува да расте, што е главната причина за рекордното глобално затоплување.
Во 2023 година концентрацијата на јаглерод диоксид била 420 делови на милион (ппм), што е за 151 отсто повеќе од 1750 година, што одговара на 3,276 гигатони (илјада милијарди тони) јаглерод диоксид во атмосферата.
– Концентрациите на други стакленички гасови – метан и азотен оксид се исто така на највисоко ниво во последните 800 илјади години, а продолжиле да растат и минатата година. Постојаниот пораст на емисиите на стакленички гасови, заедно со ефектите од затоплувањето на климатскиот феномен Ел Нињо, е главната причина за глобалното затоплување и уривањето на температурните рекорди во 2023 година, а потоа и во 2024 година – се наведува во извештајот на Светската метеоролошка организација.
Лани глобалната просечна температура беше околу 1,55 степени над просекот за периодот од 1850 до 1900 година. Во извештајот се проценува дека сегашното долгорочно глобално затоплување е помеѓу 1,34 и 1,41 степени во споредба со прединдустрискиот период.
– Океаните продолжуваат да се загреваат, нивото на морето продолжува да расте, а обемот на мразот се намалува со алармантна брзина. Минатата година температурата на океаните беше највисока во последните 65 години откако се вршени мерења. Тоа доведува до деградација на морските екосистеми, губење на биолошката разновидност и намалување на јаглеродот во океаните што ги поттикнува тропските бури и придонесува за зголемување на нивото на морето – се наедува во извештајот.
Се поставуваат рекорди и во однос на намалувањето на површината на мразот на Арктикот и Антарктикот и губењето на глечерската маса.
– Нашата планета испраќа повеќе алармни ѕвона, но овој извештај покажува дека ограничувањето на долгорочното зголемување на глобалната температура до 1,5 степени Целзиусови сè уште е можно. Лидерите мора да ги засилат напорите за да се случи ова, да ги искористат придобивките од евтината, чиста обновлива енергија за нивните луѓе и економии, со новите национални планови за климата кои треба да се појават оваа година – предупреди генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.