Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација, Алваро Мората (31), кој го крена европскиот трофеј во 2024 година, ја обнови љубовта со Алис Кампело (29).

По само неколку месеци откако го официјализираа раскинувањето, кое беше болно за нив, тие, преку нова објава на социјалната мрежа „Инстаграм“, потврдија дека се повторно заедно. Ја објавија истата фотографија на која се гледа како ја бакнува.

Кога раскинаа, изјавија дека нема неверство или непочитување и дека тешко ја прифатиле разделбата. Тие имаат тројца синови, близнаците Алесандро и Леонардо, Едоардо и ќерката Бела.

Во продолжение неколку фотографии од згодната Алис:

ИЗДВОЕНИ