Белградски студенти кои пешки тргнаа на протестен марш од Белград до Нови Сад, по два дена пешачење беа пречекани од десетици илјади граѓани.
Белграѓаните и новосаѓаните ги развеаа знамињата на двата града и пешачеа до Железничката станица каде со петнаесетминутно молчење им оддадоа почит на жртвите во уривањето на настрешницата.
Дводневниот марш започна на 30-ти јануари и имаше за цел блокирање на три моста на реката Дунав на 1-ви февруари.