Семејството на Милош Милосављевиќ, еден од жртвите во падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, упати апел до граѓаните на Србија. Таткото на починатиот Милош, Горан, се моли нивната трагедија да не биде искористена за насилно уништување и рушење на државата, како што е планирано во сабота на 15 март.
-Барам сите да се вратат во институциите и да си ја завршат работата за што поскоро да дојдеме до вистината, а надлежните институции ќе утврдат кој е одговорен и сигурен сум дека сите ќе одговараат – истакнал Горан Милосављевиќ за порталот НСУво живо. Тој, исто така, истакна дека е крајно лошо што луѓето на улиците слават, пеат и ја обесмислуваат болката и тагата на сите семејства чии најблиски загинаа при уривањето на настрешницата.
„Трагедијата се искористува за да се постигне некоја цел. Верувам дека ќе ја дознаеме вистинската вистина само кога ќе им дозволиме на надлежните да си го завршат својот дел од работата. Не поддржувам раздор меѓу родителите и апсолутно не се согласувам со бојкот на училиштата и факултетите. Овие млади луѓе треба што поскоро да се вратат на училиште и да ги завршат обврските. Нека ги слушаат своите родители, бидејќи без родители и силно семејство нема напредок, ги молам сите да се вратат на своите задачи бидејќи само така ќе решиме се – изјави тој и додаде:
– Кога гледам се што се случува на улиците, уште потешко ми е. На тој 1 ноември не само што го изгубив синот, туку и снаата, која беше бремена. Повторно апелирам сите да се смират и така ќе дојдеме до правдата“, рече Милосављевиќ.