Ги грее и душата и срцето: Највкусното греено вино е она приготвено по старински рецепт

1063

Овој проверено ненадминат рецепт е вистински избор за оние кои сакаат слатки и топли напивки. Подготовката на грееното вино нема да ви одземе многу време, а уживањето е загарантирано.

Еве како да приготвите најубаво греено вино по рецепт кој е проверено ненадминат.

Состојки:

5 дл полусуво црно вино

2,5 дл вода

3 лажици шеќер

½ лажичка каранфилче

Мало цимет

Неколку парчиња портокал

Подготовка:

Растопете две лажици шеќер на тивок оган. Кога ќе пожолти прелејте го со вода, засилете го огнот и оставете водата да проврие.

Потоа додадете уште една лажица шеќер, убаво измешајте да се соединат сите состојки, и додадете го виното. Кога ќе почне да пени, тргнете го од оган садот во кој се вареше, бидејќи вашата напивка не треба да зоврие.

Додадете  ги циметот и каранфилчето, измешајте и сипете во чаши од дебело стакло, со рачка.

Грееното вино треба да се пие врело, а можете да го збогатите вкусот со кришка портокал.

ИЗДВОЕНИ