Вработените од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Гевгелија и денес, трет ден по ред, излегоа на краткотраен собир пред нивната Јавна установа.
Тие, од Министерството за социјална политика, демографија и млади, побараа преземање на итни мерки за нивна заштита. Со ова, велат, изразуваат загриженост и револт поради зголемените случаи на насилство врз вработените во центрите за социјална работа. Особено по најновиот случај со напад со пиштол на нивна колешка во Прилеп. (Љ.А.)