„Страдањата на младиот Вертер“, еден од најважните романи на германската литература, доби долгометражна адаптација на англиски јазик, но со мал пресврт.
Режисерот и сценарист Жозе Лоренцо и продуцентската куќа Wildling Pictures ја снимија романтичната комедија „Младиот Вертер“, модерна адаптација на најпознатиот роман на Јохан Волфганг фон Гете.
Романот на Гете се смета за едно од најважните дела на книжевното движење „Штурм и Дранг“, кое му претходело на романтизмот.
Романот ја прикажува трагичната љубовна приказна на младиот Вертер и неговата симпатија Шарлот, која веќе е свршена. Откако Шарлот се омажи, Вертер одлучува да си го одземе животот бидејќи не може да живее со скршено срце.
Верзијата на Лоренцо на класичната приказна е сместена во модерното време и има посветла атмосфера. Даглас Бут го игра Вертер, млад писател кој оди на патување во Европа. Таму ја запознава Шарлот, која ја игра Алисон Пил, во која се вљубува на прв поглед, за да дознае дека таа веќе има вереник. Но, во оваа верзија на приказната, Вертер ќе се обиде да ја убеди да го остави свршеникот бидејќи тој е најдобриот избор за нејзината иднина.
Споредните улоги во филмот ги толкуваат Патрик Џеј Адамс, кој се прослави со улогата на Мајл Рос во серијата „Костими“ и Ајрис Апатоу, ќерка на Џад Апатоу и лесли Ман.
Романтичната комедија „Младиот Вертер“ беше премиерно прикажана на овогодинешниот Меѓународен филмски фестивал во Торонто. Филмот ќе почне да се прикажува во кината на 13 декември годинава, пренесува Index.hr.