Германските тенкови потфрлија во Украина

117
EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Германските тенкови Леопард 2, кои некогаш се сметаа за гордост на Бундесверот, потфрлија на фронтот во Украина, според проценката на германското Министерство за одбрана.

Во доверлив транскрипт од состанокот меѓу германското воено аташе во Киев и околу 200 членови на Бундесверот, дипломат ги откри тешкотиите со кои се соочуваат Украинците во користењето на овие тешки системи.

Вкупно 18 тенкови Леопард 2 пристигнаа во Украина во 2023 година, по неколку месеци двоумење на тогашниот канцелар Олаф Шолц и голема јавна дебата за испраќање на тешкото оружје. Шолц на крајот се согласи на испораката откако американската администрација објави дека испраќа тенкови Абрамс, а јавното мислење во Германија почна сè повеќе да се врти во корист на Украина.

Сепак, и покрај големите очекувања, украинските војници откриваат дека Леопард 2 има многу ограничена употреба на фронтот, според транскриптот што го виделе три германски медиуми.

ИЗДВОЕНИ