Идниот германскиот канцелар Фридрих Мерц не ги дочека конечните изборни резултати во неговата земја за да објави нова ера во Европа. Тврдејќи дека САД се рамнодушни кон судбината на европскиот континент, Мерц ја доведе во прашање иднината на НАТО и побара Европа што поскоро да ја зајакне сопствената одбрана.
Овој тон на блискиот сојузник на САД, Фридрих Мерц, кој е познат како страстен поборник за соработка меѓу Европа и Америка, беше незамислив пред само неколку месеци.
Тоа е тектонско поместување. Можеби звучи како претерување, но она што во моментов го доживуваме во трансатлантските односи е без преседан во последните 80 години, од крајот на Втората светска војна, наведува Би-би-си во анализа на пораките на Мерц.
Големите европски сили беа шокирани од политиката на администрацијата на Трамп, која сугерираше можност за укинување на безбедносните гаранции за Европа кои се во сила од 1945 година.
„Никогаш не мислев дека ќе морам да кажам нешто вакво во телевизиска емисија, но, по изјавите на Доналд Трамп минатата недела… јасно е дека оваа влада не се грижи премногу за судбината на Европа“, рече Фридрих Мерц вчера по изборите.
„Мој апсолутен приоритет ќе биде да ја зајакнеме Европа што е можно поскоро за да можеме, чекор по чекор, навистина да постигнеме независност од САД“, додаде тој.
Мерц посочи дека овој потфат е толку итен што не е сигурен дали лидерите на трансатлантската алијанса на самитот во јуни „сеуште ќе зборуваат за НАТО во неговата сегашна форма или ќе мора многу побрзо да воспоставиме независна европска одбранбена способност“.
Значајно е што идниот канцелар ја стави Америка на Доналд Трамп на исто ниво со Русија – што во поширок контекст овде се гледа како закана за европската безбедност. „Ние сме под толку голем притисок од две страни што мојот апсолутен приоритет сега е да создадам единство во Европа“, рече Мерц.
Британскиот премиер во четврток се упатува кон Вашингтон, откако денеска таму е францускиот претседател Емануел Макрон.
Фридрих Мерц индиректно го признава т.н чувството на Фомо (страв од пропуштање). По некоја логика, Германија треба да биде таму оваа недела, вели тој. Берлин е една од трите големи европски сили, заедно со Франција и Велика Британија.