Германски турист повреден при скок во Охридското Езеро кај „Канео“

120

Млад Германец завршил со повреди по скок во Охридското Езеро во близина на Канео, соопшти СВР Охрид.

Инцидентот се случил во петокот околу пладне, кога 24-годишниот М.Ј.Б. бил забележан во водите со видливи повреди.

Според информациите, веднаш по пријавата, повредениот бил извлечен од езерото со пловен објект и пренесен до градското пристаниште, каде што го презела екипа на Итната медицинска помош.

Од првичните сознанија, се претпоставува дека туристот се повредил при скок во водата.

ИЗДВОЕНИ