Германската полиција воведува камери за откривање возачи кои користат мобилни телефони

56

Германската полиција воведува камери кои откриваат возачи кои ги користат своите мобилни телефони додека возат, објавија во саботата германските медиуми.

„Одвлекувањето на вниманието на возачот поради употребата на мобилни телефони е една од најчесто игнорираните опасности во сообраќајот и затоа сега сакаме да се спротивставиме со инсталирање на овие камери“, рече министерот за внатрешни работи на сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, Мајкл Елбинг, при инсталирањето на првата таканаречена монокамера долж автопатот А60 во близина на Мajнц.

Елбинг објасни дека една секунда невнимание додека гледа во мобилен телефон со брзина од 100 km/h значи дека возачот поминал 30 метри „на слепо“.

Само во Рајнска област-Пфалц лани се евидентирани над 1.000 сообраќајни несреќи и три смртни случаи кои настанале од невнимание поради користење мобилни телефони.

Возачите фатени на камера со мобилен во рака ќе бидат казнети со 100 евра и ќе добијат еден казнен бод во централниот регистар на возачи.

Во соседна Холандија, каде што веќе известно време се користи таканаречената монокам, казната е значително повисока и изнесува 430 евра.

Како што информираа од полицијата на Мајнц, во првиот час по активирањето на камерата, четворица возачи биле снимени со мобилен телефон во рацете.

Германскиот автомобилски клуб (ADAC) предупреди на огромниот број на податоци што овие камери ги складираат со снимање на сите возила во сообраќајот.

„Затоа е важно да се складираат само оние фотографии на кои софтверот го препознава возачот со камерата во рака“, велат од ADAC.

ИЗДВОЕНИ