Германската економија слабее, компаниите најавуваат отпуштања и кратења на работни места

10

Како што германската економија продолжува да слабее, сѐ помалку компании сакаат да вработуваат а сѐ повеќе размислуваат за отпуштања, покажува истражувањето на институтот Ifo.

Месечниот барометар за вработување на институтот Ifo, врз основа на редовно истражување на околу 9.500 германски компании, повторно падна, беше објавено во четвртокот.

Барометарот е на најниската точка од почетокот на пандемијата на коронавирусот во 2020 година, но за разлика од почетокот на пандемијата, овогодишниот пад не е толку остар.

„Малку компании вработуваат, додека уделот на компаниите кои сакаат да ги намалат работните места расте“, вели директорот на Ifo, Клаус Вохрабе.

Речиси во сите сектори се размислува за отпуштања, а најтешко се погодени металната индустрија, производителите на автомобили и нивните добавувачи.

Трговскиот сектор, исто така, планира да го намали бројот на работните места, а негативниот моментум продолжи во последните месеци и кај давателите на услуги. Додека туристичката индустрија вработува, давателите на лични услуги и угостители отпуштаат работници.

И покрај кризата, нема назнаки за голем бран отпуштања во градежништвото, каде компаниите се обидуваат да обезбедат нови работни места и да ги задржат вработените.