Германија започна полициска контрола на границата со Франција и четири други земји

42

Германија денеска почна случајни проверки на своите граници со пет западноевропски земји во обид да се спротивстави на илегалната миграција, проширувајќи го веќе воспоставениот контролен систем на четири други граници.

Полициските контроли почнаа утрово на границите со Франција, Холандија, Белгија, Луксембург и Данска и треба да траат шест месеци.

Секретарот за внатрешни работи Ненси Фезер, која ги нареди проверките, вети дека оние што патуваат на работа преку границата не треба да очекуваат големи нарушувања во сообраќајот.

Германија од минатата година спроведува проверки на границите со Полска, Чешка, Австрија и Швајцарија.

Фезер пред една недела официјално ги регистрираше новите контроли во Европската комисија, тврдејќи дека тие се неопходни поради големиот број мигранти кои пристигнуваат во Германија.

Тие треба да траат шест месеци, но може да бидат продолжени.

Додека 29-те потписнички на Шенгенскиот договор, вклучително и мнозинството членки на Европската унија и Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн, генерално дозволуваат слободно движење преку границите, воведени се контроли на некои премини поради ситуацијата со мигрантите и заканата од исламистички тероризам .

Граничните контроли им дозволуваат на властите да ги вратат мигрантите, што е многу полесен процес од депортацијата по влезот.

Од октомври 2023 година, Германија вратила околу 30.000 мигранти без законско право да влезат во земјата.

Прашањето за миграцијата се врати на врвот на политичката агенда кога Сириец, наводно, уби три лица во напад со нож во западниот град Солинген минатиот месец.