Со 35 милијардерки, Германија е на третото место на глобално ниво, по САД и Кина. Десет од нив студирале на германските универзитети, додека шест дипломирале во странство, покажувајќи ја различноста на образовното искуство. Податоците покажуваат дека иако Германија има висок процент милијардерки (27,18 % од вкупната популација милијардери), само 3,12 % од нив го стекнале своето богатство самостојно

 

Со 35 милијардерки, Германија е на третото место на глобално ниво, по САД и Кина. Десет од нив студирале на германските универзитети, додека шест дипломирале во странство, покажувајќи ја различноста на образовното искуство.

– Речиси половина (45,7 %) имаат високо образование, што укажува на важноста на високото образование за нивниот успех – покажала анализата на „Styding in Germans.org“, која ги анализираше универзитетите и индустриите на германските милијардери, откривајќи неколку клучни сознанија.

Најчести области на студирање на милијардерките се уметноста и хуманистичките науки, што, според анализата, „е во спротивност со заедничките очекувања за доминација на деловните студии или на СТЕМ-полињата“.

Посочени се осум истакнати имиња и универзитети зад најбогатите жени во Германија: Сузане Клатен, чие богатство е проценето на 26,5 милијарди долари, работи на Универзитетот во Бакингем и во бизнис-школата ИМД, МБА; Ана Катарина Висман (3,6 милијарди долари) – на Универзитетот во Пасау, меѓународни културни и деловни студии; Карин Сарториус-Хербст (3,4 милијарди долари) – на Универзитетот во Гетинген, економија; Катарина Ото-Бернштајн (3,1 милијарда долари) – на Универзитетот „Колумбија“, МНР во филм; Јулија Тиле-Шурхоф (3 милијарди долари) – на Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен, право; Ивон Бауер (2,3 милијарди долари) – на Универзитетот во Бамберг, германска филологија; Реџин Лајбингер (1,9 милијарди долари) – на Техничкиот универзитет во Берлин и на Универзитетот „Харвард“, архитектура и Никола Лајбингер-Камилер (1,9 милијарди долари) – на Универзитетот во Фрајбург, Универзитетот во Вермонт и на ЕТХ Цирих, германски, англиски и јапонски.

Податоците покажуваат дека иако Германија има висок процент милијардерки (27,18 % од вкупната популација милијардери), само 3,12 % од нив го стекнале своето богатство самостојно.

– Наследеното богатство останува доминантен извор на статусот на жените милијардери, при што многу од нив го наследуваат богатството подоцна во животот, потенцијално ограничувајќи ги нивните можности да растат или да започнат нови бизниси. Иако наследеното богатство е значаен фактор, многу милијардери активно ги проширија и ги модернизираа своите компании, демонстрирајќи спој на наследството и на динамичното лидерство – се наведува во анализата.

ИЗДВОЕНИ