Германија не попушта: Нема да испраќаме ракети со долг дострел во Украина

61

Германија останува на својата одлука да не испраќа ракети со долг дострел во Украина, изјави портпаролот на германската влада, откако Вашингтон одлучи да дозволи употреба на оружје од САД за напади на руска територија.

Одлуката на канцеларот (Олаф Шолц) останува непроменета“, изјави портпаролот на редовната прес-конференција во Берлин, пренесува Хина.

Германија е вториот најголем донатор на воена опрема за Украина по Соединетите Американски Држави, но Шолц одбива да испрати германски ракети Таурус со долг дострел во Украина, поради страв од ескалација на конфликтот со Русија.

Германската министерка за надворешни работи на Зелените, Аналена Бербок, претходно ги поддржа извештаите дека американскиот претседател Џо Бајден и дозволува на Украина да користи американски ракети со долг дострел против одредени цели во Русија.

Според извештаите на медиумите, претседателот Бајден ја овластил Украина да користи ракети ATACMS за да ги брани сопствените сили, особено во руската Курска област, која беше делумно окупирана од украински војници.

ИЗДВОЕНИ