Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што во петокот го погоди Мјанмар испуштил енергија што е еквивалентна на повеќе од 300 експлозии на атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-Ен-Ен.
Таа, исто така, предупреди дека последователните потреси би можеле да продолжат со месеци.
„Моќта ослободена од ваков земјотрес е еднаква на околу 334 атомски бомби“, рече Феникс.
Таа објасни дека потресите ќе продолжат бидејќи индиската тектонска плоча сè уште се спушта под евроазиската плоча во областа Мјанмар.
Феникс додаде дека размерите на уништувањето дополнително ќе се влошат со граѓанската војна во земјата.
„Она што инаку би било тешка ситуација станува речиси невозможно во овие околности“, рече таа.