Генералното собрание на Обединетите нации во понеделникот ја усвои резолуцијата подготвена од Украина и нејзините европски сојузници за одбележување на третата годишнина од руската инвазија на Украина со 93 гласа „за“, 65 „против“ и 18 воздржани, објави „Ројтерс“.
Резолуцијата ја подготви Украина во соработка со повеќе од 50 земји, пренесе РИА Новости.
САД беа воздржани, а Вашингтон, пак, подготви своја, неутрална резолуција, за која и Генералното собрание гласа денеска.
Резолуцијата бара Москва „веднаш, целосно и безусловно“ да ги повлече сите свои вооружени сили од украинска територија.
Резолуцијата содржи и едностран повик до Руската Федерација да ги прекине непријателствата, наведува руската агенција.
Во исто време, како што пренесува РИА Новости, „терористичките напади на Киев врз мирни граѓани на Руската Федерација, како и присуството на Вооружените сили на Украина во Курската област“, не се осудувани или споменати на кој било начин во нацрт-резолуцијата, пренесува Танјуг.
Во текстот, исто така, не се споменува правото на народите на самоопределување, како што е пропишано во Повелбата на ОН, додава руската агенција.
Русија започна специјална воена операција во Украина на 24 февруари 2022 година, за, како што наведе, да изврши демилитаризација и денацификација на Украина.