Генералното собрание на ОН не ја усвои американската верзија на резолуцијата со која се бара прекин на војната во Украина, без да се спомене руската агресија и територијалниот интегритет на нападнатата држава.
Усвоен е текстот на резолуцијата подготвена од Украина и нејзините европски сојузници, со 93 гласа за, 18 против, вклучително и САД и 65 воздржани.
Истовремената нацрт-резолуција подготвена од САД, која првично бараше итен прекин на конфликтот без да се спомене територијалниот интегритет на Украина, беше во голема мера модифицирана со усвојувањето на неколку амандмани од европските земји, кои воведоа споменување на територијалниот интегритет и повикаа на „праведен мир“.
Во изменетиот текст јасно е наведено дека Русија ја нападна Украина кршејќи ја Повелбата на ОН.
Дополнетиот текст беше усвоен со 93 гласа за, осум против и 73 воздржани, вклучително и САД.