Генералниот секретар на ОН: На цивилите во Сирија итно им е потребна хуманитарна помош, запрете го крвопролевањето

55
Фото: EPA-EFE/BILAL AL HAMMOUD

По обновувањето на борбите во граѓанската војна во Сирија, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на хуманитарен пристап до сите цивили и прекин на насилството.

За тоа разговараше телефонски со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави Гутереш во Њујорк.

„Ја истакнав итната потреба за хуманитарен пристап до сите цивили на кои им е потребна и враќање на политичкиот процес со посредство на ОН за да се стави крај на крвопролевањето. Десетици илјади цивили се загрозени во регионот разурнат од војна“, рече тој во изјавата. .

По 14 години војна во Сирија, Гутереш рече дека е „време за сериозен дијалог“.

Во разговор со Гутереш, турскиот претседател го информирал дека го повикал сирискиот колега Башар ал Асад „итно“ да најде „политичко решение“ и да се „помири“ со својот народ.

„Сирискиот режим мора итно да соработува со својот народ во корист на сеопфатно политичко решение“, рече шефот на турската држава за време на телефонскиот разговор со генералниот секретар, се наведува во соопштението на турското претседателство.

Ердоган рече дека Турција работи на намалување на тензиите, заштита на цивилите и трасирање на патот за политичкиот процес и ќе продолжи да го прави тоа.

Турција досега прифати речиси 3 милиони сириски бегалци на своја територија.

ИЗДВОЕНИ